Во вечерта кога Елмас договори трансфер во Лајпциг, Наполи доживеа срам во Копа Италија (ВИДЕО)

Во вечерта во која беше потврдено дека Елиф Елмас ќе ја продолжи кариерата во Ред Бул Лајпциг, фудбалерите на неговиот досегашен клуб Наполи се елиминирани во Копа Италија откако загубија на домашен терен од Фрозиноне со 0-4.

Иако домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Џовани Симеоне во 37. минута, сепак по проверка со ВАР овој гол беше поништен поради играње со рака. Гостите до водство од 0-1 стигнаа во 65. минута преку Баренечеа, додека на 0-2 зголеми Касо во 70. минута. 0-3 беше во 91. минута со голот на Кедира од пенал, додека конечните 0-4 беа дело на Хароуи во 95. минута.

 

Се вчитува...