Во Воска револтирани по изречените казни: Нема да ја доиграат сезоната во Првата лига!?

Екипата на Воска нема да ја доигра сезоната во Првата македонска фудбалска лига, пренесува порталот на албански јазик „Спортманија“ според информации од клубот.

Од Воска Спорт се револтирани од вчерашните одлуки на Дисциплинската комисија на ФФМ која жестоко го казни клубот со одземање девет бода, парична казна од 7.500 евра, а двегодишни суспензии добија претседателот на клубот Нефи Усеини и тренерот Клодијан Арбри.

По состанок на раководството на клубот искажано е огромно незадоволство од таквиот развој на настаните, па наводно викендов се очекува и официјална потврда од Воска Спорт дека комплетно се повлекуваат од Првата македонска фудбалска лига на пет кола пред крајот на сезоната.

Како што е познато, казните за Воска Спорт следеа откако тимот се повлече во 76. минута од натпреварот против Вардар во 28. коло од ПМФЛ поради незадоволство од судењето на натпреварот.

Се вчитува...