Во време на коронакриза: Со тимскиот авион на Манчестер Сити се пренесува замрзнато месо, лекови, медицинска опрема…

Бизарна фотографија од клупскиот авион на Манчестер Сити на аеродромот вo Судан направи политичка збрка. Беше објавено дека со леталото претставници на Обединетите Арапски Емирати биле на тајна мисија во Судан. Потоа излезе вистината која е далеку побезболна. Авионот со кој од октомври минатата година се возат ѕвездите на Манчестер Сити всушност се користи за карго транспорт.

Компанијата „Итихад“ поради корона- кризата имала потреба од повеќе карго авиони и го ставила во погон ова летало кое секако периодов е во мирување затоа што фудбал не се игра. На конкретниот лет во Судан, авионот бил натоварен со замрзнато говедско место. Претходно бил користен и за транспорт на друга храна, на лекови, медицинска опрема.

Се вчитува...