Денеска се одигра сите натпревари од 9. коло во Втората македонска фудбалска лига. До промена на врвот не дојде, и покрај тоа што Беса одигра само 0-0 на гостувањето кај Скопје во Автокоманда. „Киксот“ на лидерот не успеа да го искористи ниту Пелистер, кој одигра 1-1 на гостувањето кај Арсими.
Најмногу од ова профитираше тимот на Детоник, кој со 3-0 го совлада тимот на Осогово, и се искачи на второто место, и му се доближи на лидерот Беса.
Профитираше и Охрид кој исто така е на делба на втората позиција, по победата над Новаци со 1-3. Кожуф и Победа одиграа меч без голови, исто како и Вардар Неготино – Тетекс.
ВТОРА ЛИГА, 9. КОЛО
АРСИМИ – ПЕЛИСТЕР 1-1
ДЕТОНИТ – ОСОГОВО 3-0
СКОПЈЕ – БЕСА 0-0
КАМЕНИЦА САСА – БЕЛАСИЦА 2-3
КАРАОРМАН – БАШКИМИ 1-2
КОЖУФ – ПОБЕДА 0-0
НОВАЦИ – ОХРИД 1-3
ВАРДАР Н. – ТЕТЕКС 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА