Водство, па „потоп“ на Шкендија во Баку во првото полувреме (ВИДЕО)

Одличен почеток на Шкендија во Баку, но потоа се случи нешто неочекувано, нешто непредвидено. На полувремето е 4-1 во Баку за домашниот тим. Нереално, но откако го примија голот Карабах како да се рестартираше, како да додаде гас. И не само што постигна четири гола, туку имаше шанси за 6-7, и вистинска среќа е што македонскиот првак има само негатива од три гола разлика.

А, Тамба во таа 10. минута ја донесе Шкендија во водство. Убава топка доби од Ибраими, ја смири, и шутираше прецизно во голот на домаќинот. Шок за навивачите во Баку, но сигурно дека и тие не очекуваа дека нивниот тим брзо ќе се врати во игра, и не само тоа, дека ќе постигне неверојатни четири гола до крајот на полувремето.

 

Во 16. минута израмнување. По една нафрлена топка, Цаке во обид да расчисти го совлада Гаја. Тоа беше 1-1, но не за долго. Само стотина секунди подоцна, нафрлена топка од левата страна, Боргес од прва и низ нозете на Гаје, успеа да донесе брз пресврт.

Шкендија никако не успеа да се разбуди од „шокот“, па шансите за Карабах се редеа, за потоа да погоди и Акунѕаде и да зголеми на 3-1. „Маките“ на тетовскиот тим не престануваа, Чака направи пенал, кој го реализираше Јанковиќ за убедливи 4-1. Потоа домашниот тим погоди и статива, а во две ситуации ја вадеше топката од самата гол линија.

Со ова, Карабах речиси е веќе пласиран во плеј-офот во Лигата на шампионите, додека Шкендија ќе ја бара својата шанса во Лигата на Европа.

Се вчитува...