Антонио Конте го предводеше тимот на Челси во неговиот јубилеен 50. натпревар како менаџер во Премиер -лигата, a против ВБА неговиот состав оствари лесна победа од 4-0.
Покрај италијанскиот стратег на клупата, Цезар Аспиликуета го одигра 50. натпревар под водство на Конте, а воедно Шпанецот ја одигра и секоја минута од премиерлигашките дуели откако екс-селекторот на Италија го превзеде тимот од западен Лондон. Статистиката вели дека Аспиликуета ниту еднаш не завршил натпревар предвреме, односно ги одигра сите 50 од првиот, до последниот свиреж на судијата.
Шпанскиот десен бек уште еднаш се враќа со убави спомени од гостувањето кај Вест Бромвич, откако минатата сезона беше асистент на погодокот на Батшуаји во победата од 1-0 со кој Челси ја обезбеди титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА