Кошаркарите на Гравелин Данкерк стигнаа до првата официјална победа во новата натпреварувачка сезона, и тоа во Купот на Франција. Во првото елиминациско коло Војдан Стојановски и соиграчите беа подобри од членот на ПРО Б лигата, екипата на Гри Оберхофен (85:77). Гостите од Данкерк имаа контрола на играта и над резултатот во целиот тек на играта, а нашиот репрезентативен капитен беше еден од најдобрите на теренот.
За 27 минути во игра, Стојановски постигна 14.поени (1/3 за три, 4/6 за два и 3/3 за еден поен). Освен тоа имаше и четири скока и едно додавање, една освоена и една загубена топка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА