На серијата од три победи во низа и дојде крај, Војдан Стојановски со својот клуб Реал Бетис загуби на гости кај својот поранешен клуб Морабанк Андора. Во 16. коло од шпанската лига Ендеса, капитенот на сениорската кошаркарска репрезентација беше лидер на својот тим, но со само еден расположен кошаркар Бетис не можеше да му парира на екстрамотивираниот противник.
Разликата во квалитети беше одчигледна уште на почетокот на натпреварот. Само пет минути игра му беа доволни на домашниот состав да стигне до двоцифрена предност (19-8) која без нималку проблеми ја одржа сè до крајот на натпреварот. Разликата достигна и до највисоки -26 (54-28), а до крајот Стојановски и соиграчите ја намалија на ’само’ минус 15 за конечни 95-70 (30-19, 24-9, 13-28, 28-14).
Македонскиот интернационалец помина 25 минути на паркетот, време за кое запиша 15 поени зад своето име (3/6 за два поени, 1/2 за три поени, 6/6 за еден поен) на кои придодаде и еден скок со што беше најефикасен во својот клуб. Му помогнаа Нахбар со 12 поени и Милошевиќ со еден помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА