Војдан Стојановски со тимот на Бујукчекмече стигна до голем триумф над Истанбул со убедливи 107-78, бодови што се многу значајни за овој клуб во битката за опстанок во турската кошаркарска елита.
Бујукчекмече влезе во натпреварот откако ги загуби претходните четири средби од турскиот шампионат, но овојпат Стојановски и соиграчите одговорија на предизвикот, доминираа речиси цел натпревар и заслужено се радуваа на победата, шеста за Бујукчекмече сезонава.
Капитенот на македонската репрезентација одигра добар меч, за 22 минути игра реализирајќи девет поени, три скока и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА