Војдан Стојановски и неговиот Гравелин ќе играат во четвртфиналето од Купот на Франција откако во осминафиналето славеа против Шалон Ремс со 104-100 дури по продолжението.
Македонскиот репрезентативец имаше скромна минутажа на првиот свој натпревар во 2021 година, за нешто помалку од осум минути на паркетот постигнувајќи три поени.
Покрај Гравелин во четвртфиналето на Купот на Франција ќе играат и Стразбур, Левалоа, Дижон, Ле Ман, Лимож и Орлеан. Последниот патник ќе биде подобриот од дуелот меѓу Асвел и Бург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА