Бетис влегува во резултатска криза во Ендеса лигата, откако тимот на нашиот Војдан Стојановски попладнево загуби на гостувањето во Сарагоса (102-990, четврти пораз во серија на клубот од Севилја во елитното шпанско кошаркарско друштво. „Зелено-белите“ имаат за што да жалат бидејќи во поголемиот дел од натпреварот имаа предност, во последната четвртина прокоцкаа и двоцифрена позитива, за во неизвесна завршница да го загубат овој меч.
Војдан Стојановски одигра добар натпревар, но поради пет лични грешки токму во клучните моменти не можеше да му помогне на својот тим. Македонскиот капитен петтата лична грешка ја заработи на повеќе од две минути до крајот, при водство на неговиот тим од 95-93, а по неговото напуштање на теренот Сарагоса го комплетираше големиот камбек и стигна до победата.
Стојановски за 28 минути игра постигна 14 поени, од кои дури десет од линијата за слободни фрлања (10/10), додека од поле беше два пати прецизен од шест обиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА