Македонската кошаркарска репрезентација со два порази го заврши првиот термин од квалификациите за палсман на Европското првенство во 2021 година. Нашиот национален тим прикажа две различни изданиа во дуелите со Естонија и со Русија. Капитенот, Војдан Стојановски порачува дека вистинското лице е она од мечот со Русите. Тој жали што во скопје не беше добро искоритен домашниот терен. Се надева дека во ноември во полн состав и со комплетни сили, националниот тим ќе се врати во битката за пласман на контиенталниот собир.
„Ова е играта која треба да ја негуваме во иднина, без разлика што сега загубивме. Треба да бидеме борбени во сите 40. минути, и треба да веруваме во сопствените сили, не треба да гледаме на противниците со респект. Се боревме, навистина игравме добро, мислам дека ни недостасуваше малку енергија па и малку среќа во финишот. Во Перм видовме дека можеме многу подобро. Видовме дека имаме потенцијал. Штета, навистина голема штета што не го искористивме домашниот терен, имавме и полна сала. Ги имавме сите услови за победнички старт. Затоа можам да кажам дека искрено, сега поразот од Естонија боли уште повеќе. Факт е дека до ноември има долг период пред нас. Она што јас искрено си посакувам е да нè служи здравје сите. За наредните средби да бидеме комплетни. Тогаш ќе знаеме што нè чека. Знам дека ќе одиграме многу подобро. Дека ќе стигнеме до победа, и со самото тоа да се вратиме во трката за настап на Европското првенство следната година“– порачува Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА