Војдан му донесе победа на Данкерк

Војдан Стојановски се наметнува како еден од лидерите на тимот на Гравелин Данкерк во овој подготвителен период, предводејќи го својот тим до триумф над екипата на Шампањ од 85-74.

Македонскиот капитен беше во главна улога, реализирајќи 15 поени (3/4 за три, 3/5 за два поени), надополнети со три скока и една асистенција.

Новата сезона од францускиот кошаркарски шампионат ќе стартува на 23 септември, а Стојановски со Гравелин Данкерк во првото коло ќе му гостува на тимот на Левалоа.

Се вчитува...