Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија Војдан Стојановски беше еден од најдобрите поединци на Данкерк во победата над својот поранешен клуб По Ортез со 64-59. Војдан мечот го заврши со 11 поени (4/9 за два, 1/5 за три) за нешто повеќе од 35 минути на паркетот.
Со оваа победа Данкерк ја прекина серијата од четири порази по ред во францускиот шампионат, а ова беше и прва победа за новиот тренер Серж Кревекер, кој обезбеди опстанок во најсилната француска лига. Во моментов Данкерк е на претпоследната позиција во шампионатот, но е оддалечен само една победа од местата кои и следната година водат во елитното кошаркарско натпреварување во Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА