Војдан Стојановски и Олденбург се наоѓаат на чекор до полуфиналето во плејофот од германскиот шампионат, откако вечерва поведоа со 2-0 во четвртфиналната серија против Бон. По неделниот триумф пред своите гледачи, Олденбург вечерва славеше и на гостински терен (87-97), па на Стојановски и соиграчите сега им недостига само уште една победа за да се најдат меѓу Топ 4 екипите на германската кошаркарска сцена.
Како пресудна се покажа третата четвртина што гостинскиот тим ја доби со 15-30, стигна до двоцифрена предност и на крајот заслужено се радуваше на победата.
Војдан Стојановски одигра неполни 13 минути, период во кој реализираше четири поени (2/3 од поле), еден скок и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА