Војдан Стојановски одигра одличен натпревар во дресот на Гравелин Данкерк, давајќи значаен придонес во триумфот на својот тим над Булазак со резултат 100-84. Гостите се „фенерџија“ на табелата во француското првенство, но со добро издание во првата четвртина го изненадија составот на Гравелин.
Булазак имаше водство од 9-17 во раната фаза од мечот, Гравелин до крајот на четвртината намали на 20-21, за во второто полувреме целосно да биде скршен отпорот и Стојановски и соиграчите да стигнат до убедлива победа.
Војдан одигра извонреден меч без ниту едно промашување, за 14 минути игра реализираше 11 поени (1/1 за три, 3/3 за два, 2/1 за еден поен).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА