Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски со неговиот Данкерк стигна до првата победа во новата сезона во францускиот шампионат.
Овој пат Данкерк одигра неверојатен меч во кој го декласираше Роан со 77-43. Нашиот интернационалец одигра солиден натпревар. Во 20 поминати минути во игра реализираше шест поени со реализација 2/3 од игра, а додаде и три скока и две асистенции.
Со оваа победа Данкерк го напушти дното на табелата во францускиот шампионат. Во следното коло тимот на Војдан Стојановски се среќава со АСВЕЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА