Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, ги разреши дилемите околу својата иднина потпишувајќи договор со турскиот прволигаш Бујукчекмече. Стојановски со овој трансфер од Шпанија се сели во Турција, откако минатата сезона ја мина во дресот на Бетис.
„Зелено-белите“ не успеаја да обезбедат опстанок во шпанската кошаркарска елита, Стојановски во меѓувреме доби понуди од неколку екипи од оваа земја, но на крајот сепак се реши да замине и својата кариера да ја продолжи во Турција. Бујукчекмечe ја заврши ланската сезона на 13. место на табелата со скор од девет победи и 21 пораз, но овој тим најавува составување на ростер со кој би атакувал на влез во плејофот наредната сезона.
Само за потсетување, пред неколку години дресот на оваа екипа го носеше и Предраг Самарџиски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА