Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски продолжува во Франција, но во иднина ќе го носи дресот на Гравелин Данкерк. По двомесечниот договор со По Ортез, каде прикажа одлични игри, Војдан Стојановски го привлече вниманието на Гравелин Данкерк и во овој тим ќе настапува до крајот на сезоната.
Војдан Стојановски ќе добие право на настап за Гравелин Данкерк на 20 јануари. Тој во последните три меча за По Ортез имаше одлични бројки, просек од 18 поени, 4 скока и 3 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА