Македонската кошаркарска репрезентација го очекува претквалификацискиот олимписки турнир во Талин, и мечеви против Израел, Естонија и Чешка.
За капитенот на машката сениорска селекција, Војдан Стојановски, натпреварите во Талин, се тест за можностите на тимот но во исто време, можност повеќе за прибирање на преку потребното искуство за оние помлади играчи кои се дел од овој собир во главниот град на Естонија.
„Ова сум го кажал во доста прилики, и тоа останува и за оваа. Ние како екипа, кои сме тука во Талин, ќе дадеме се од себе да се прикажеме во еден добро светло и да стигнеме до еден добар резултат“.
Извесно е дека пред себе имаме три доста квалитетни противници како што се селекциите на Чешка, Израел и Естонија, која е и во улога на домаќин на турнирот кој стартува на 12. август.
„Што се однесува до противниците, станува збор за доста добри репрезентации. Во изминатиот период видовме со кој потенцијал ќе дојдат тука во Талин. Оттука сметам дека ова ќе биде еден добар тест, да видиме колку можеме во еден ваков состав, во кој има неколку измени. Но во исто време да биде и едно искуство плус за оние помладите играчи во репрезентацијата пред кои следуваат и други вакви, слични оредизвици“- додава капитенот пред официјалниот почеток на турнирот кој е закажан за утре попладне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА