Селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на првиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскет 2029.
Откако летово поради семејни причини не можеше да и помогне на репрезентацијата, Војдан Стојановски, повторно се става на располагање на репрезентацијата. Капитенот уште еднаш покажа дека секогаш е тука за националниот дрес.
Тројцата натурализирани се најдоа на списокот, а најверојатно Вајли ќе игра на првиот меч против Азербејџан, бидејќи останатите двајца кошаркари Омари Мур и Нејт Сестина ќе имаат обврска во Евролигата.
Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот собир е закажан за 24. ноември (понеделник), со почеток во 10:30 часот во салата на СРЦ „Кале“.
Кошаркарите ќе одиграат два натпревари во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“, и тоа против соодветните национални селекции на Азербејџан и на Ирска.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
27.ноември – 2025: Македонија – Азербејџан
30.ноември – 2025: Ирска – Македонија
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Бобан Стајиќ – Пелистер
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Теодор Симиќ – Кожув
Адем Мекиќ – Бора – Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
Андреј Јакимовски – Тренто – Италија
Џејкоб Вајли – Ритас – Литванија
Омари Мур – Валенсија – Шпанија
Нејт Сестина – Олимпиjа Милано – Италија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

