МЗТ Скопје дојде до вториот триумф во АБА 2 лигата, совладувајќи го тимот на Студент М-Тел на гостински терен со 85-82. Ќе беше трагедија ако МЗТ не го добиеше овој меч, со оглед дека имаше предност во текот на речиси целиот натпревар, но на крајот се сведе во последниот напад да дојде до триумф.
Во еден момент „металците“ имаа 14 поени предност во третиот период, меѓутоа домаќините ја топеа разликата, па на крајот во последниот период дури и водеа во еден миг. МЗТ имаш предност од три разлика, и слободно фрлање кое го промаши Магдевски, па0 Фаракан со неверојатна тројка успеа да изрмани. Меѓутоа Војдан Стојановски со тројка во последната секунда, успеа да донесе триумф.
МекКејден кај МЗТ беше најефикасен со 26 поени, додека кај домаќините Фаракан уфрли 27 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

