Војдан Стојановски уште еднаш во кариерата се стави комплетно во функција на македонската репрезентација.
Капитенот го потроши последниот атом од енергијата во оние повеќе од 27 минути поминати на паркетот во СРЦ „Кале“ на мечот против фаворизираната селекција на Литванија, на која ослабената селекција на Македонија загуби од фавиротот, но покажа карактер во одредени моменти од мечот, водена токму од Стојановски.
Војдан реализираше 13 поени кои ги дополни со три скока и две освоени топки, и уште еднаш претставуваше пример за оние кои треба да бидат негови наследници во репрезентативниот дрес на Македонија.
Погледнето го најдоброто од капитенот од вчерашниот натпревар со Литванија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА