Војдан Стојановски имаше победничко деби во турскиот шампионат, откако со екипата на Бујукчекмече во првото коло од новата сезона славеше над Сакарија со резултат 71-64.
Стојановски и соиграчите одиграа очајна прва четвртина во која гостите поведоа со 14-24, но потоа работите на теренот се променија, Бујукчекмече направи целосен пресврт и на крајот заслужено се радуваше на победата. Македонскиот репрезентативец го заврши натпреварот со седум поени (сите во првото полувреме), надополнети со три скока и една украдена топка.
Стојановски летово се пресели во Турција по неколкуте сезони минати во Шпанија, каде го носеше дресот на Андора и на Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА