Војна меѓу „триколорите“: Мбапе повеќе дава за клубот отколку за репрезентацијата

Огромно е разочарувањето во францускиот табор по катастрофалното издание против Италија и поразот на домашен терен од 1-3. Ова е првпат во последните 12 години „триколорите“ да врзат два порази во низа, а разочарувањето кај поранешниот светски првак е огромно.

Тиражниот весник „Л’Екип“ јавува и за огромен конфликт во самиот состав, откако голманот Мајк Мењон во соблекувалната жестоко го нападнал Килијан Мбапе. Голгетерот ја доби и капитенската лента но игра далеку под своето ниво, па Мењон искажал тешки зборови кон него, тврдејќи дека Мбапе секогаш дава помалку за репрезентацијата отколку кога настапувал за својот клуб.

Голманот кој имаше многу работа против Италија за истото го обвинил и Антоан Гризман, додавајќи дека тој и Мбапе со она што го прават не се никаков пример за помладите играчи кои доаѓаат во националниот тим. Според Л’Екип, додека Мењон го држел говорот, сите останати фудбалери молчеле, а Мбапе и Гризман останале со наведнати глави, не сакајќи да влегуваат во дополнителен конфликт.

Се вчитува...