Војна со обложувачката мафија – уапсени 1400 лица

Интерпол денеска објави дека била спроведена успешна акција против илегалните обложувалници кои заработиле огромни суми за време на ЕВРО 2020. При оваа акција уапсени биле 1.400 лица, а запленети се над 6,7 милиони евра.

Интерпол извршил илјадници рации при што се одземени компјутери и мобилни телефони, поврзани со „обложувачки промет“ од 394 милиони евра.

„Додека голем дел од нас го следеа ЕП како обични навивачи, стотици полицајци од 28 држави работеа на разбивање на криминална група што сакаше да заработи милиони преку нелегално коцкање и перење на пари. Со помош на полицијата во Хонг Конг се уапсени над 800 осомничени, меѓу кои е и наводниот шеф на оваа организација“, се вели во соопштението на Интерпол.

Се вчитува...