Војна во Фиорентина: Гатузо недојден се заканува со отказ

Престојот на Џенаро Гатузо на клупата на Фиорентина би можел да трае и помалку од еден месец откако темпераментниот стратег влегол во војна со раководството на „виолетовите“, заканувајќи им се со отказ доколку не бидат прифатени неговите барања за ангажман на нови фудбалери.

Италијанските медиуми јавуваат дека ситуацијата со денови е тензична, откако управата на клубот одбила да преговара за неколкуте играчи што Гатузо ги побарал. Според нив, сите фудбалери се клиенти на суперагентот Жорге Мендеш, кој воедно е и агент на Гатузо, за тоа свесни се и „виолетовите“, кои сметаат дека на пазарот има и поевтини играчи со слични квалитети.

Серџо Оливеира од Порто бил најновата желба на Гатузо, но Фиорентина не сака ни да чуе да плати 20 милиони евра, сума што португалскиот гигант ја бара како отштета. Темпераментниот стручњак кој пред две недели пристигна од Наполи се чувствува изневерено бидејќи пред потписот му биле ветени неколку засилувања по негова желба, па останува да се види разврската на овој конфликт, дали управата некој играч од листата на Гатузо, или можеби тој уште во текот на овој месец, без ниту еден меч експресно ќе си замине од Фиренца.

Се вчитува...