Војна во Лондон: Тухел и Конте „лице в лице“ (видео)

Антонио Конте ја вжешти атмосферата на градското дерби меѓу Челси и Тотенхем откако непримерно го прослави израмнувачкиот погодок за својот тим.

Челси долго доминираше, но Тотенхем искористи една од ретките шанси кога Хојбјерг одлично ја смести топката во долниот агол од голот на Менди. Конте се сврте кон клупата на Челси и непримерно славеше, на што веднаш в лице му влета неговиот ривал Томас Тухел.

За среќа, експресно реагираше обезбедувањето и ги раздвои двајцата тренери, а главниот судија Ентони Тејлор по долга дискусија реши да им покаже по еден жолт картон на Конте и на Тухел.

Се вчитува...