Олимпик Марсеј одлично ја стартуваше сезоната, освои седум од можните девет бода по првите три кола, но во фокусот на јавноста се уште е војната што тренерот Игор Тудор ја води со дел од најдобрите фудбалери во тимот.
Во преден план е Дмири Паје, 35-годишниот ас кој упорно е игнориран при изборот на првотимци. Според Тудор, екс-фудбалерот на Вест Хем е премногу дебел за да одговори на неговите барања на теренот, поради што Паје добива шанса само во завршницата од натпреварите, нешто што го фрустрира фудбалерот, но и голем дел од навивачите.
Според Л’Екип, Дмитри Паје не е ништо потежок од ланската сезона кога играше брилијантно под водство на Сампаоли, поради што вината за ваквите одлуки се насочува кон Тудор.
Фудбалерот има уште две години од договорот со Олимпик и на негова страна се навивачите. Од друга страна, Тудор барем засега ја има поддршката на управата, но тоа лесно може да се смени доколку серијата добри резултати не продолжи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА