Војна во Мекларен: Норис и Пијастри во „клинч“

Мекларен има сезона од сништата во која веќе ја освои конструкторската титула и тоа со голема доминација, но има и огромни проблеми поради тензијата која постои помеѓу двајцата возачи Ландо Норис и Оскар Пјастри.

Тензијата кулминираше по Големата награда на Сингапур каде Норис во првиот круг го исфрли од стазата тимскиот колега што на Британецот му овозможи да заврши на третото место пред Австралијанецот и со тоа да го намали заостатокот на табелата на само 22 бодови.

Бесниот Пјастри го опиша возењето на Норис како „ср**е“ и веднаш побара од тимот да му биде вратена позицијата. Неговото барање беше експресно одбиено од страна на шефот на тимот Андреа Стела.

Со цел да се смират страстите Мекларен оваа недела ќе одржи итен состанок со двата возачи.

Се вчитува...