Војна во Милано, Алегри до Фабрегас: Детиште што вчера стана тренер

Милан и Комо синоќа одиграа драматичен дуел што заврши со поделба на бодовите, но случувањата на теренот останаа во сенка на големиот инцидент во второто полувреме.

Се почна со однесувањето на Цеск Фабрегас, откако гостинскиот тренер при една акција на Милан го повлече Салемакерс, по што следеше бурна реакција од клупата на „росонерите“.

Масимилијано Алегри ги загуби нервите, италијанските медиуми пренесуваат дека викал: „Идиот, Детиште што вчера стана тренер“ до шпанскиот стратег, а интересно е што судијата му покажа црвен картон на Алегри, додека Фабрегас не доби ниту жолт.

„Видовте што се случи. Тренер повлече противнички фудбалер, а јас добив црвен картон затоа што отидов да си го бранам играчот. Можеби следниот пад јас ќе тргнам со лизгачки старт крај аут-линијата“, бесен беше Алегри и на прес-конференцијата по мечот.

Фабрегас призна дека направил огромна глупост, јавно извинувајќи се за својата улога во инцидентот.

„Се извинувам, направив нешто на што не сум горд, нешто неспортско. Ја украдовме топката, а јас малку ја допрев од емоција. Сепак, како што кажа Киву пред некој ден… треба да си ги држиме рацете крај себе, особено ние тренерите, не смееме да го правиме она што јас го направив“, прокоментира стратегот на Комо.

Се вчитува...