Атмосферата во ЦСКА Москва повторно е крајно тензична, по најновиот инцидент во кој беше вклучен најдобриот кошаркар на оваа екипа, Мајк Џејмс.
Американскиот бек го имаше и вториот конфликт со тренерот Итудис во последните триесетина дена, управата првиот пат реши да му прогледа низ прсти, но трпението заврши по инцидентот што Џејмс го направил во соблекувалната веднаш по домашниот пораз од Фенербахче.
Рускиот гигант вечерва објави дека Џејмс е суспендиран поради прекршување на клупската дисциплина, во следниот период тој ќе биде изоставен од тимот, а се очекува во наредниот период да биде и продаден од страна на управата на ЦСКА. Проблем е што преодниот рок за Евролигата е завршен, па Американецот најверојатно ќе заврши во некој од богатите кинески клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА