Војна во Неапол: Наполи го продаде во Ал Ахли, но Осимен сака во Челси

Утрово се чинеше дека сагата околу иднината на Виктор Осимен конечно ќе заврши откако Наполи ја прифати понудата на Ал Ахли вредна 80 милиони евра, а клубот од Саудиска Арабија ја зголеми понудата до самиот голгетер на над 30 милиони евра годишна плата. Ал Ахли покрај тоа прифати иво договорот да има клаузула за откуп од 100 милиони евра почнувајќи од следното лето, но газдите на клубот од Саудиска Арабија се налутија откако Нигериецот по којзнае којпат ги промени деталите кои ги бараше за заминување од Европа.

Осимен ова го правеше свесно, тактизирајќи за да добие на време во преговорите со Челси, но со ваквиот однос само ги налути шеиците од Сауидиска Арабија, кои ја повлекоа понудата и решија наместо него да го ангажираат Ајван Тони од Брентфорд.

За проблемите да се продлабочат, лутите „наполитанци“ ја одбија понудата на Челси, по што претседателот Де Лаурентис влезе во војна со Осимен. Првиот човек на Наполи е бесен бидејќи Челси понуди дваестина милиони евра помалку од Ал Ахли, но „наполитанците“ се во небрано бидејќи нема многу време за тактизирање пред крајот на преодниот рок. Осимен е договорен со Челси и бара да добие зелено светло за преселба во Премиер-лигата, Де Лаурентис засега не попушта, но „наполитанците“ летово веќе потрошија многу пари на Лукаку и Мектоминеј, сакаат да го доведат и Гилмур од Брајтон, но за тоа да се случи најпрвин ќе мораат да го продадат Виктор Осимен.

Се вчитува...