„Војната“ на „Емирати“ без победник, Митровиќ повторно херој на Фулам

Дербито на 19. коло во Премиерлигата помеѓу Арсенал и Њукасл донесе многу жестоки дуели на теренот, но не и голови во мрежите за 0-0.

Нкетија имаше фантастична прилика да го совлада Поуп во 88. минута, но англискиот голман беше на врвот на својата задача. При самиот крај на мечот „топџиите“ бараа и пенал откако топката го погоди Марфи во раката при нафрлување, но до удар од белата точка не дојде.

Фулам на крилја на Александар Митровиќ славеше на гостувањето кај Лестер со 0-1. Српскиот интернационалец ја затресе мрежата во 17. минута, а овој резултат остана на семафорот до самиот крај.

На убедлива победа се радуваше Брајтон кој на гостувањето кај Евертон славеше со 1-4.

Голеадата на „Гудисон Парк“ започна во 14. минта кога Митома постигна гол за гостинско водство, а откако резултатот 0-1 остана на семафорот и до крајот на првото полувреме. Гостите ја наполнија мрежата во вториот дел во кој стрелаа Фергусон, Марш и Грос за победа број осум. Поразот го ублажи Греј кој реализираше од белата точка во 92. минута.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...