„Војната“ на „Гудисон парк“ без победник – жртва Андре Гомеш

Евертон и Тотенхем ремизираа 1-1 во натпревар што за жал ќе се памети по грубоста на Сон и скршената нога на Андре Гомеш.

„Спарси“ поведоа со 0-1 преку Деле Али, по што судијата Еткинсон не досуди чист пенал за Евертон поради играње со рака на истиот фудбалер. Хаос на теренот настана пред самиот крај, откако Сон брутално стартуваше над Гомеш, при што домашниот фудбалер се здоби со скршеница на ногата.

Кореецот доби црвен картон, а во судиското продолжение што траеше дури 12 минути, Евертон успеа да израмни преку Ченк Тосун во 97. минута, за реми на „Гудисон парк“.

Се вчитува...