Војната меѓу УЕФА од едната и челниците на Супер-лигата од другата страна не само што нема намера да запре, туку и дополнително ќе се разгори. Доказ за тоа е и судскиот спор што претставниците на Супер-лигата го стартуваа против УЕФА, барајќи 3,5 милијарди евра како отштета од еврпоската куќа на фудбалот.
Откако претходно го добија спорот пред судот во Лозана дека УЕФА не смее да има монопол над европските фудбалски натпреварувања, челниците на Супер-лигата поддржани од Флорентино ПЕрез и од Жоан Лапорта сега почнаа нов судски процес, барајќи отштета поради стопирањето на ова натпреварување.
Сумата од вкупно 3,5 милијарди евра е наведена како добивка што Супер-лигата можеше да ја оствари од спонзори и ТВ-права доколку стартуваше како што беше планирано, пред голем дел од клубовите да се повлечат по заканите од УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

