Војната продолжува – ПСЖ одбива да го исплати Мбапе: Се гледаме на суд!

Француската Лига денеска донесе одлука со која ПСЖ мора да следните осум дена да му ги исплати на Килијан Мбапе сите пари што му ги должи од договорот за ланската сезоа, во вкупна вредност од 55 милиони евра.

Најпрвин беше најавена медијација во  преговорите, но откако двокатите на Мбапе го одбија тоа денеска врз основа на доказите беше донесена одлука во корист на фудбалерот. Сепак, тоа нема да биде и крај на војната ПСЖ – Мбапе, откако францускиот првак вечерва објави дека нема намера да го исплати голгетерот, туку за случајот ќе се жали пред релевантните судови во Франција.

„Јасно е дека комитетот на лигата имаше лимитирано гледиште на работите во овој случај. Затоа случајот ќе биде презентиран пред друга јурисдукција, каде како клуб ќе имаме право да ги претставиме нашите докази. Луѓето ќе ги дознаат фактите, во месеците и годините што следат“, се вели во соопштението на ПСЖ.

Се вчитува...