Интер сериозно го загрозува Јувентус во овогодинешната трка за титулата, но „старата дама“ возвраќа на „зелена маса“, барајќи да се одземе скудетото што на големиот ривал му беше доделено со скандалот „Калчополи“ за сезоната 2005/06.
За потсетување, станува збор за сезона во која шампион беше Јувентус, но по скандалот „Калчополи“ клубот од Торино беше исфрлен од лигата, а овој трофеј му беше одземен и пренесен на второпласираниот Интер. Потоа се појавија и докази дека и самиот клуб од Милано бил дел од скандалот, поради што челниците на Јуве тврдеа дека „нероаѕурите“ никако не смеат да останат сопственици на скудетото при докажани противзаконски дејствија на тогашниот претседател Морати.
Аргументите на „црно-белите“ не беа прифатени, но сега Јувентус поднел нова жалба на судската одлука, инсистирајќи сезоната 2005/06 да биде запишана без шампион.
Целиот случај се активира на само неколку дена пред големото дерби меѓу Интер и Јуве во Милано, што сигурно ќе додаде дополнителен жар во дуелите меѓу вечните ривали на италијанскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА