Војната во Израел се рефлектира и на фудбалот: Ница и Мајнц суспендираат, Баерн се мисли за Мазрауи

Војната меѓу Израел и Хамас на Блискиот Исток и тоа како се рефлектира на секое општествено живеење и во Европа, па и на фудбалската игра на Стариот континент.

Дел европски клубови се одлучија на суспензија на свои фудбалери кои, пак, се одлучија да искажат јавно свое мислење за воениот конфликт.

Ница беше приморана да реагира откако Алжирецот Јусеф Атал на социјалните мрежи сподели видео со пропведник кој повикува „црн ден за Евреите“. Веднаш реагираа еврејските здруженија како и градоначаликот на Ница, Кристијан Естрози и претседателот на францускиот фудбалски сојуз. Атал подоцна се извини за споделеното видео кое и го избриша, но Ница веднаш го суспендираше а против него и полицијата активираше постапка за ширење на омраза.

Но, и германски Мајнц, од слични причини, го суспендираше поранешниот напаѓач на Астон Вила, Анјари Ел Гази, а пратеници од Бундестагот бараа и Баерн Минхен да го суспендира Мароканецот Мазрауи и да биде протеран од Германија поради слична негова постапка преку социјалните мрежи. Но, Баерн одлучи да го почека Мазрауи да се врати од настапите за својата репрезентација, па откако ќе го сослуша ќе донесе одлука.

Се вчитува...