Војнеска – Зикова си замина… Димевски: Неспортски, како мали деца…

Кандидатката за претседател на МОК, Александра Војнеска – Зикова, го напушти Собранието што вечерва се одржува во хотелот „Александар Палас“, откако стана јасно дека нема мнозинство за да ја добие трката со Даниел Димевски.

Откако Примислав Димовски повторно обвини за нерегуларности во работењето на актуелното раководство и не ја доби неопходната поддршка, Војнеска – Зикова заедно со сите свои приврзаници ја напушти салата каде се одржуваше Собранието.

Се уште постои кворум за работа, па Димевски ќе ја претстави својата претседателска програма, по што се очекува да се прејде на гласање.

Многу ми е жал што не дочекаа на последната точка да се обединиме. Навистина е жал што на последната точка ке треба да се делиме. Малку сум исцпрен, но „реда ради“ ќе морам да ја презентирам програмата. Вложив премногу труд и емоции, да направиме нешто за спортот. Не гледам како може да се спротивставиме на ваков неспортски начин… мали деца го прават ова… нема да победам, па не играм“, порача Даниел Димевски.

Се вчитува...