Војводина го има најемотивното испраќање со Балашевиќ – „Југословенска легендо, твојот дрес те чека на небото…“

Тажна вест го погоди Балканот по веста за смртта на еден од најголемите уметници од овие простори, Ѓорѓе Балашевиќ. Фудбалскиот клуб за кој своевремено настапуваше во младите категории и беше неговата прва спортска љубов, Војводина емотивно се поздрави со легендата на југословенската музика.

„Тажна и жална вест вчера го погоди цел Нови Сад. Цела Србија, цела поранешна Југославија, целиот музички свет остана без еден од најдобрите музичари на сите времиња. Имаше информација дека легендарниот тренер Жарко Николиќ не го примил во првиот тим Балашевиќ. Доколку тоа е вистина, тоа е најдобрата работа што и се случила на Југославија. Затоа Ѓоле таму меѓу облаците кога повторно ќе го видиш Жаре, прости му што не ти дозволи да тргнеш по стапките на останатите фудбалски легенди, бидејќи барем таму ќе можеш да играш фудбал како што сакаше. Барем таму на небото, твојот бело-црвен дрес те чека“, стои во емотивното писмо на официјалната страница на Војводина. 

 

Се вчитува...