Екипата на Војводина остана без тренер на два дена пред дуел со Металург во рамките на 4.коло во регионаланата СЕХА лига. По поразот од Црвена Звезда во Супер купот на Србија на кој му претходеа и три порази по ред во СЕХА, Бранко Рудиќ спогодбено ја раскина соработката со Војводина.
„Работите не функционираат веќе подолго време, треба некоја шок-терапија, а таква може да биде промената на тренерот“ – изјави Рудиќ за српските медиуми.
Раководството на клубот бара решение за новонастанатата ситуација. Како врмено решение, екипата на Војводина на утрешниот натпревар со Металург ќе ја води Драган Кукиќ.
„Ова е тежок момент за нас. Резултатите се под очекувањата. Реакциите на тренерот не добија адекватен одговор од играчите, така што се согласивме дека ќе биде најдобро да најдеме некое друго решение. Сакаме новиот тренер да биде странец. Ќе се обидеме тоа да го реализираме, се надевам до петок. Против Металург во среда, тимот ќе го води Драган Кукиќ“ – потврди директорот на Војводина, Дарко Јевтиќ за ракометниот портал balkan-handball.com.
Натпреварот Војводина – Металург се игра утре со почеток во 17.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА