Ракометниот клуб Војводина се одлучи на драконски потег и му го раскина договорот на хрватскиот играч Филип Ивиќ поради присуство на концертот на Марко Петковиќ Томпсон кој српскиот клуб го означи како „усташки“.
Соопштението на РК Војводина ви го пренесуваме во целост:
„Ракометниот клуб „Војводина“, како симбол на Нови Сад, Војводина и шампион на Србија, своето постоење го темели не само на спортски успеси, туку и на почитување на историјата, жртвите и вредностите што нè прават горда нација.
Бевме шокирани кога ја примивме веста дека голманот Филип Ивиќ присуствувал на усташкиот собир на Марко Перковиќ Томпсон, настан кој не е музички собир, туку усташки собир каде што отворено се величаат идеи и симболи кои се синоним за злосторства за српскиот народ.
За нас, како клуб што го носи грбот на српскиот народ, ова не е и не може да биде прифатливо.
Во РК Војводина нема и нема да има место за никого што присуствува на настан што ги навредува сеќавањата на илјадници невини жртви, на Јасеновац, на „Бура“ и на српските огништа.
Поради ова, раководството на клубот веднаш го раскина договорот со Филип Ивиќ, бидејќи никој што стои рамо до рамо со оние што го слават злото не може истовремено да го носи дресот на клуб што му припаѓа на овој народ и на овој град!
Нашиот клуб не ги дели луѓето по нација или религија, туку јасно и гласно го одделуваме доброто од злото, човечноста од нечовечноста, почитта од навредата. И ќе го правиме тоа сè додека постои РК Војводина.
Им благодарам на сите навивачи и граѓани кои ја разбираат оваа одлука.
Нашиот одговор не е одмазда, туку достоинство!!!
Нашата сила е љубовта кон Србија.
За Нови Сад. За Војводина. За Србија.
Да живее Србија!!!Претседател на РК Војводина
Душан Бајатовиќ“, стои во соопштението на РК Војводина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

