Вокер му се извини на Саутгејт за количината алкохол која ќе ја испие пред дуелот со Македонија

Манчестер Сити конечно стави крај на долгиот пост без шампионска титула во европските натпреварувања откако во финалето од Лигата на Шампионите славеше против Интер со 1-0. Целиот тим бурно ја прослави историската титула на теренот, а славјето ќе продолжи понатаму се до понеделник кога се очекува пречекот во Манчестер.

Ѕвездата на Сити, Кајл Вокер по натпреварот успеа и однапред да му се извини на селекторот на Англија, Герет Саутгејт за количината на алкохол која ќе ја испие пред квалификациските натпревари против Малта и Македонија.

„Ретко останувам без зборови, но ова е остварување на сонот. Неверојатно е чувството да ја освоите тројната круна со Сити. Уште поубаво е што можев да ја прославам титулата пред мојата фамилија, моите деца и моите родители. Доаѓам од Шефилд од каде не е лесно да се пробиете. Ставете било каков алкохол пред мене. Герет, извини, но се ќе испијам“, вели Вокер.

Се вчитува...