Манчестер Сити успеа да задржи уште еден стандарден првотимец во своите редови потпишувајќи нов договор со Кајл Вокер. Стандардниот десен бек летово беше поврзуван со Баерн, но Пеп Гвардиола успеа да го убеди да остане во Сити, за што за награда доби нов договор со важност до јуни 2026 година.
Вокер е член на „граѓаните“ уште од 2017 година кога пристигна од Тотенхем и освои буквално се што можеше да се освои со тимот на Манчестер Сити. Неговиот договор со Сити истекуваше на крајот од сезонава, но самото одбивање на понудата на Баерн беше јасен знак дека Вокер ќе ја продолжи соработката со шампионот на Англија.
„Горд сум на овој договор што ми овозможува да останам во Манчестер Сити, тоа е најдобриот клуб за мене. Уживав во секој момент во изминатите шест години, имам одличен тренер, фантастични соиграчи и навистина не гледав потреба да менувам било што. Ланската сезона во која стигнавме до тројна круна е нешто што нема да го заборавам до крајот на животот“, изјави Вокер по потписот на новиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

