Вокер се збогуваше со Жалгирис и се врати назад во НБА

Жалгирис ќе биде значително ослабен во финишот од оваа сезона откако Лони Вокер реши да го напушти литванскиот првак и да се врати назад во НБА-лигата.

Американскиот бек блескаше на првите средби во Евролигата, оттогаш формата му се движеше во надолна линија, но Вокер остана клучен играч во тимот на Андреа Тринкиери. Сепак, тој реши да ја искористи клаузулата што му овозможуваше трансфер во НБА, па денеска ја прифати понудата за преселба во Филаделфија.

Тој ќе потпише двогодишен договор со овој клуб за вкупна сума од три милиони долари, додека Жалгирис ќе заработи 450.000 долари како отштета за овој трансфер. Вокер сезонава имаше скор од 13,6 поени и 3,2 скокови по натпревар во Евролигата.

Се вчитува...