Плејмејкерот на Монако Кемба Вокер изјави дека едвај ги чека натпреварите во белградска арена против Партизан и Црвена Звезда во Евролигата.
Американскиот ас дојде во Монако во текот на летото, откако 12 сезони играше во НБА. Во сезоната 2011, тој беше избран како деветти пик од Шарлот.
„Тоа е нешто што навистина сакам да го доживеам. Едвај чекам да играм во Арена. Слушнав прекрасни работи за различните средини, исто така колку се „диви“ некои места. Тоа е она што најмногу го сакам во ова натпреварување и тоа е една од најголемите разлики меѓу европската кошарка и НБА-лигата“, изјави Вокер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА