Рома ќе биде сериозно ослабена за првиот четвртфинален дуел од Лигата на Европа против Ајакс, откако Хенрик Мхитаријан и Крис Смолинг ја загубија тркат со времето за да можат да настапат на оваа средба.
Ерменскиот плејмејкер и англискиот дефанзивец ќе беа лидери на тимот доколку беа здрави, поради што клупските лекари на Рома направија се што беше во нивна моќ за да ги оспособат за настап. Мхитаријан и Смолинг неколку дена тренираа индивидуално, а денеска стана јасно дека се предалеку од посакуваната форма, па тренерот Фонсека реши да не ризикува и тие нема да бидат вклучени на списокот за првиот дуел со Ајакс.
Фонсека за овој натпревар не може да смета ниту на Кумбила и на Ел Шарави, а веќе подолго време „во аут“ е и младиот Заниоло, кој би можел да се врати на терените кон крајот на месец април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА