Рома го совлада Киево со 3-5 во ревија од голови на првиот меч од 37.коло во Серија А. „Волчицата“ сега има само еден бод негатива во однос на лидерот Јувентус, кој утре го пречекува Кротоне во Торино. Рома го чува второто место кое води директно во ЛШ, а Наполи вечерва ја пречекува Фиорентина и во моментот доцни четири бода.
Киево двапати водеше во првиот дел, со головите на Кастро и на Енглезе, но Ел Шарави и Салах донесоа 2-2 за Рома на полувремето. Потоа тимот на Спалети заигра многу подобро, во вториот дел Ел Шарави и Салах постигнаа уште по еден гол, во листата на стрелците се запиша и Един Џеко, а Киево го постави конечниот резултат (3-5) преку Инглезе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА