Борна Соса долго ќе го памети денешното гостување во Полска на кое хрватскиот офанзивен лев бек постигна гол за паметење. „Коцкестите“ беа во негатива од 1-0 кога Модриќ изведе еден скратен корнер, топката се одби до Соса, кој ја дочека на волеј од дваесетина метри и ја смести во мрежата.
Овој еврогол им даде сила на Хрватите, кои набрзина преку Сучиќ и Батурина направија целосен пресврт и поведоа со 1-3 на ова незгодн гостување.
Ремек-делото на Борна Соса на дуелот Полска – Хрватска можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА